Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Паркирај совесно - паркирај одговорно“, превентивна активност на СВР Скопје за безбеден сообраќај

„Паркирај совесно - паркирај одговорно“, превентивна активност на СВР Скопје за безбеден сообраќај

Во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, денеска (17.07.) на подрачје на ПСОН Центар, Одделението за превенција при СВР-Скопје  во соработка со РСБСП реализира превентивно-едукативна активност наменета за возачите – „Паркирај совесно - паркирај одговорно“. 

 

Активноста беше насочена кон подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Притоа, беше поделен и печатен едукативен материјал, односно летоци со информативни содржини и со практични совети за безбедно учество во сообраќајот.

Мени за пристапност