Министерството за внатрешни работи преку своите оддели за превенција во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја продолжува својата едукативна кампања наменете за најмладите „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
Во текот на изминативе денови беа одржани едукативни настани за дечињата од градинката „Димче Мирчев“ и дечињата од градинката во Градско и во Велес.
Дечињата од Велес имаа можност на непосреден начин да се запознаат со сообраќајните правила на ул. „Алексо Деминиевски-Бауман“ во Велес, додека најмалите учесници во сообраќајот од Градско беа во посета на надлежната полициска станица Градско.
Овие активности се спроведуваат во соработка на РСБСП со Отсекот за превенција при СВР Велес и ПС ОН Градско како дел од сеопфатната кампања на Советот - „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Целта на овие настани е создавање на позитивни навики и сообраќајна култура кај најмладите учесници во сообраќајот а со кои се учи за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи.
Сообраќајната свест и безбедност зависат од сите нас и започнуваат од училишна и предучилишна возраст.