Денеска (02.05.2025) во Битола, полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола спроведоа превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“. На граѓаните им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел намалување на ризиците од сообраќајни несреќи. На возачите особено им беше потенцирана потребата од почитување на правилото за пропуштање на пешаците, а им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП.