Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„И јас и ти, сите сме пешаци“, превентивна активност на СВР Тетово

„И јас и ти, сите сме пешаци“, превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (08.07.2025) на подрачје на Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во централното градско подрачје на Тетово, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „И јас и ти, сите сме пешаци“.

 
Преку делење на летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, полициските службеници ги потсетуваа пешаците за нивните обврски при учество во сообраќајот, дека задолжително треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин, како и за други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Исто така, на возачите им беше укажано дека мора целосно да ги почитуваат правилата односно да им даваат предност на пешаците при преминување на сообраќајниците.

Мени за пристапност