Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Активности и во Делчевско- внимателност во сообраќајот и превенција од пожари

Активности и во Делчевско- внимателност во сообраќајот и превенција од пожари

Денеска (19.07.) полициски службеници од ОВР Делчево и од РЦ за ГР Исток, односно ПС за ГП и ГН Делчево реализирас превентивни активност на Граничниот премин  „Делчево“ и во село Звегор како од областа на сообраќајната безбедност така и од областа на заштитата од пожари. Така под мотото „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол“ и „Вози одморен“ на возачите им беше појаснета законската регулатива со низа препораки за безбедно управување на патничките моторни возила, како и препораки за почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така им беше укажувано дека секој возач кој конзумирал алкохол повеќе од дозволеното ќе биде строго санкциониран, а воедно граѓаните беа информирани дека заморот е една од главните причини за предизвикување сообраќајни незгоди во овој период. Во рамки на активностите на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.

 

По однос пак на заштита од пожари главниот фокус беше на причините за избувнување на пожарите, односно ризик факторите за истите, како и околу мерката за целосна забрана за движење во шуми и шумско земјиште. Со месното населени од Звегор се разговараше и околу  и бесправна сеча на дрва односно законските импликации одтаа исто така штетна и незаконска активност. Полициските службеници посочија низа конкретни примери и практични совети за правовремена заштита и превенција од пожари,  како и почитување на воведената мерка за забрана на движење во шуми и шумско земјиште.

Мени за пристапност