Усвоен е новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги.
Чекор од Реформската агенда на државата.
Што носи новиот закон:
✅ Едно барање за повеќе парчиња оружје
✅Ограничување на максимален број парчиња оружје, со регулирани исклучоци согласно закон
✅ Полнење муниција согласно закон
✅Обврска за простор за безбедно чување и сместување на оружјето
✅Проширено сокорисничко право
✅ Набавка по наследно решение во рок од 4 наместо 2 месеци
✅ 1 година рок од примената на законот — за сите што пропуштиле да поднесат барање за набавка по основ на наследство или биле одбиени поради пропуштен рок, како и за легализација, пререгистрација или доброволно предавање на оружјето
✅ Нови електронски услуги