Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност