Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот за внатрешни работи Исени и Директорот на Бирото за јавна безбедност Јаневприсуствуваа на одбележувањето на 34 години Царинска управа

Заменик министерот за внатрешни работи Исени и Директорот на Бирото за јавна безбедност Јаневприсуствуваа на одбележувањето на 34 години Царинска управа

Денеска (14.04.2026) по повод одбележувањето на 34 години од основањето на Царинската управа, се одржа свечен настан на кој беа презентирани досегашните резултати, реализираните активности и идните приоритети на институцијата во насока на зајакнување на системот и борбата против криминалот.

На настанот присуствуваа и претставници на Министерството за внатрешни работи – Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

Свеченоста беше можност да се истакне значењето на меѓуинституционалната соработка, координацијата и заедничките напори во справувањето со сите облици на криминал, како и во унапредувањето на безбедноста и владеењето на правото.

Мени за пристапност