На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ.(41) од Скопје, поради тоа што на 11.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2026 во 00:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради тоа што на 12.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според пријавеното, неговите ќерка и син при обид да му ги земат острите предмети се здобиле со расекотини. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2026 во 04:10 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.К.(40) од Хрватска, поради тоа што во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата партнерка О.К.(37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и искршил дел од покуќнината. Исто така во 09:00 часот Н.К. пријави дека во домот бил физички нападнат од неговата партнерка О.К. и се обидела со остар предмет да го нападне. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2026 во 16:00 часот во СВР Куманово, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријави дека 13- годишник од Куманово бил психички малтретиран од неговиот татко и бил избркан од неговиот дом. Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.04.2026 полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода С.С. (26) од Кичево, постапувајќи по пријава од 27-годишна жена од Кичево дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С. и Ќ.Д.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави
На 13.04.2026 полициски службеници го лишија од слобода Д.С. (33) од охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта 12/13.04.2026 и го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и и нанел повреди. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 13.04.2026 во 01:15 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 37-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека 12.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот сом физички ја нападнал неговата 26 -годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.