Вечерва заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени присуствуваше на свечениот прием по повод Националниот ден на Република Албанија, заедно со голем број официјални лица, дипломати и претставници на бизнис заедницата. Овој настан ја потврдува одличната соработка меѓу двете земји, взаемната почит и заедничката посветеност кон стабилноста и напредокот на целиот регион.
Заменик министерот Исени го честиташе Националниот ден на Република Албанија со желби за понатамошен просперитет и успех.