Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во гевгелиско и радовишко, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи во гевгелиско и радовишко, управувале возила под дејство на алкохол

 

На 22.11.2025 во 21:40 часот на регионалниот пат 1109, во близина на село Фурка, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Т.(64) од Скопје. По преземени мерки е утврдено дека под дејство на алкохол управувал патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, односно измерени му се 2,35 промили алкохол во крвта. 
Истиот ден во 23:05 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода С.М.(36) од село Ораовица, радовишко. По преземени мерки е утврдено дека под дејство на алкохол управувал патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, односно измерени му се 2,69 промили алкохол во крвта.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност