Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зајакнати акциски контроли на товарни и моторни возила – констатирани 112 неправилности

Зајакнати акциски контроли на товарни и моторни возила – констатирани 112 неправилности

 

На 30.09.2026 година, во периодот од 07:00 до 12:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон товарните возила, како и кон моторните возила кои се вклучуваат во сообраќајот од земјен пат, градилиште и други површини и притоа оставаат кал на коловозот.

Контролите кај товарните возила беа насочени кон утврдување неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка неисправност, недозволен превоз на лица и други прекршоци.

Во рамки на контролата, вкупно се контролирани 738 возила, при што 184 возила се испратени во станица за технички преглед. Констатирани се вкупно 112 неправилности, од кои најголем број на подрачјето на СВР Тетово – 28, СВР Скопје – 23 и СВР Штип – 20, додека останатите се констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи.

За констатираните неправилности преземени се вкупно 112 мерки, при што 37 возила се исклучени од сообраќај, а за 13 случаи поднесени се барања за поведување прекршочна постапка. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Во текот на контролата констатирани се и 162 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на неправилности и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Мени за пристапност