Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум возеле без возачка дозвола, од кои еден е повикан на службен разговор во Свети Николе. Додека, останатите шест се лишени од слобода во Тетово, Куманово, Делчево, Битола и двајца во Кичево. Четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово и Ресен управувале возило под дејство на алкохол. Додека, двајца возачи во Скопје и Струга управувале возило со забрана за управување на патничко возило од Б категорија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.