Во текот на изминатото деноноќие (28/29.03.2026) на територија на цела државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување на возило. Од нив двајца управувале возило без возачка дозвола, еден управувал мотоцикл без возачка, а тројца возеле под дејство на алкохол. Едно лице во Гевгелија управувало мотоцикл без возачка дозвола и по едно лице во општина Чашка и во Скопје исто така возеле без возачка дозвола. По едно лице во Битола, Скопје и Охрид констатирано е дека возеле под дејство на алкохол, при што кај возачот во Охрид му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.