Денеска (20.11.2025), СВР Штип реализираше превентивни активности под мотото „Вози безбедно-стигни сигурно“, „Паркирај совесно паркирај одговорно“, „Сите сме пешаци” и „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”.
Во Виница полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Виница спроведоа превентивна активност за подигнување на свеста кај возачите за користење зимска опрема. Притоа, на возачите им беа делени летоци со корисни совети.
Исто така денеска од страна на полициски службеници од полициска станица Пробиштип во ООУ „Никола Карев” во Пробиштип одржано е едукативно предавање на тема „Булинг и меѓуврсничко насилство”.
Основната цел на едукативните предавања беше информирање и запознавање на учениците како да се детектираат, односно препознаат ваквите девијантни појави и да се подигне свеста во насока на навремена превенција и заштита.
Реализирана е превентивна активност под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Основната цел е зголемување на сообраќајната култура во насока на правилно паркирање на возилата од страна на учесниците во сообраќајот. Реализирана е и превентивна активност под мотото „Сите сме пешаци“.
Денеска полициски службеници од полициска станица Берово, спроведоа превентивна активност на повеќе локации низ градот, каде што има најголем проток на возила, со цел одбележување на 16 Ноември -Денот на сеќавање на жртви од сообраќајни незгоди. Во разговор со возачите им беше упатен апел, да се однесуваат совесно и одговорно додека управуваат моторно возило, да не се користи алкохол или психотропни супстанции, да не се користи мобилен телефон, бидејќи тоа се најчестите причинители за сообраќајни незгоди со последици по животот.
СВР Тетово во гостиварските средни училишта реализираше превентивно-едукативен проект ,,Не управувај моторно возило без положен возачки испит, почитувај ги правилата и прописите во сообраќајот, заштити се себеси и другите“. Целта на овој проект е градење на доверба и соработка помеѓу полицијата и учениците.
Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска беа реализирани три едукативни работилници во ООУ „Петар Поп Арсов “ на подрачје на ПС ОН Карпош на тема „Зависности – превенција од игри на среќа и штетните последици“ со ученици од деветто одделение.
Учениците беа запознаени со поимот обложување - различни игри, однесување и активност (легални – обложувалници и коцкарници и илегални – коцкарници, игри, натпревари), кои вклучуваат вложување на пари со цел добивка, со постоење на одреден ризик и надеж дека ќе се врати вложеното и ќе се добие повеќе од тоа. Како и штетните последици
Создавање на зависност
Губење на самоконтрола
Негативно влијание на повеќе животни полиња
Финансиски потешкотии
Извршување на различни казниви дела и криминал (кражби, измами, разбојништва, проституција......)
Депресивна состојба , чувство на вина
Пореметување на личноста, конзумирање на други средства на зависност, општо пореметување на здравјето
Разните зависности често се генератор на агресивност, насилство и криминал, а тоа носи и неизбежно пропаѓање на зависникот, неговото семејство и поширокото општествено опкружување.