Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Безбедноста на новинарите е предуслов за слободно општество, МВР со највисок приоритет ги третира сите закани кон новинарите

Безбедноста на новинарите е предуслов за слободно општество, МВР со највисок приоритет ги третира сите закани кон новинарите

Министерството за внатрешни работи со свои претставници учествуваше на денешниот настан „Заштита на медиумските работници – на терен и во онлајн сферата“, организиран од Здружението на новинари на Македонија и Фондацијата „Фридрих Еберт“, со учество на медиумски работници, Јавното обвинителство, АВМУ, Европска Федерација на новинари и претставници на институциите.

На настанот беше истакната клучната улога на медиумските работници во демократското општество, како и фактот дека секој напад, притисок или попречување на нивната работа претставува закана за јавниот интерес, слободата на информирање и темелните демократски вредности.

МВР во соработка со надлежните институции, воспостави јасни и функционални протоколи за постапување во случаи на напади или закани кон новинарите. Во сите сектори за внатрешни работи се назначени локални контакт-точки за поддршка на медиумските работници, а во Секторот за компјутерски криминал функционира посебна точка за примање пријави за онлајн закани.

Дополнително, Министерството информира дека националната фокална точка за кампањата на Советот на Европа „Новинарите се важни“, помошник министерот за односи со јавност Мумамед Исмаиљи, е назначена со цел јакнење на механизмите за заштита на медиумските работници. Во тек е иницијативата за формирање Национален комитет за заштита на новинарите, мултисекторско тело кое ќе работи на изготвување Национален акциски план.

МВР потврди дека сите пријави за закани, физички или вербални напади врз новинари се третираат со највисок приоритет и дека навременото постапување останува суштински принцип во заштитата на медиумските работници.

Министерството, во соработка со Здружението на новинари на Македонија, веќе неколку години води регистер на напади врз новинари, јавно достапен на веб-страницата на МВР. Изработен е и Прирачник за безбедност на новинарите, а редовно се спроведуваат обуки и едукативни активности со цел зајакнување на превенцијата и меѓусебната соработка.

Во своето завршно излагање, помошник-министерот за внатрешни работи задолжен за односи со јавност, Мухамед Исмаиљи, порача:

„Сигурноста на медиумските работници е предуслов за слободно информирање и за функционирање на демократското општество. Имаме воспоставено механизми за заштита, но нивната ефикасност зависи и од навременото пријавување на секој инцидент. Остануваме посветени на тоа да обезбедиме професионалците што ја информираат јавноста да ја извршуваат својата работа без страв.“

Тој ги охрабри медиумските работници да ги користат достапните канали за пријавување закани и напади и потврди дека МВР ќе продолжи со целосна поддршка, активна координација и посветена работа во насока на нивната заштита.

Мени за пристапност