Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Куманово

Превентивна активност на СВР Куманово

На 17.11.2025 отсекот за Превенција при СВР Куманово, спроведе превентивна активност на повеќе локации низ градот, каде што има најголем проток на возила, со цел одбележување на 16 Ноември-Денот на сеќавање на жртви од сообраќајни незгоди.
Во разговор со возачите им беше упатен апел, да се однесуваат совесно и одговорно додека управуваат моторно возило, да не се користи алкохол или психотропни супстанции, да не се користи на мобилен телефон, бидејќи тоа се најчестите причинители за сообраќајни незгоди со последици по животот на возачите, сопатниците и другите учесници во сообраќајот.
На возачите им беа поделени превентивни летоци во соработка со РСБСП, како потсетување за почитување на сообраќајните правила и прописи од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, поголема сообраќајна свест и одговорно однесување во сообраќајот, а се со цел да се избегнат сообраќајни незгоди со трагични последици. 

Воедно, на возачите им беше укажано за отпочнувањето на задолжителна обврска за носење зимска опрема која започна на 15 ноември и ќе трае до 15 март 2026 година. Од страна на возачите е потребно да ја обезбедат и носат во своите моторни возила неопходната зимска опрема пропишана согласно Закон, а со тоа да се избегнат сообраќајни незгоди настанати поради непочитување на законски одредби од ЗБСП.

Мени за пристапност