На 17.09.2025 во 22:15 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц. (49) од село Марино, скопско.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мини купер“, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,73 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.