Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СВР Скопје расчисти две кривични дела, поднесени кривични пријави против едно лице

СВР Скопје расчисти две кривични дела, поднесени кривични пријави против едно лице

По преземени мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при Секторот за внатрешни работи расчисти две кривични дела. Имено, по преземени оперативно – тактички мерки утврдено е дека Е.Ј.(27) од Скопје на 14.05.2025 на ул.„3 Македонска бригада“ физички го нападнал  Р.Ж. од Скопје  и му нанел тешка телесна повреда и дека на 23.05.2025 на ул.„Венјамин Манџуковски“ физички го нападнал А.П. од Скопје.

На 16.09.2025 против него се поднесени две кривични за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ по член 131 и  „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор.

Мени за пристапност