Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

 

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лишија од слобода А.Џ.(35) од Скопје.

 

Лицето се барало по телеграма од Основниот суд Скопје 1, за доиздржување казна затвор во траење од осум години и осум месеци, во врска со кривично дело “криумчарење на мигранти” по член 418-б од Кривичниот законик.

 

По приведувањето, А.Џ. е предаден во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошно постапување.

Мени за пристапност