Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога.
На 28.05.2026 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.М.(23) од Струмица. При преглед кај него била пронајдена марихуана. На 29.05.2026 година, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две најлонски пакувања со марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
На 29.05.2026 година во 21:30 часот во село Боговиње, пред угостителски објект, полициски службеници од ПО Камењане ги лишиле од слобода лицата Б.Ј.(38) и Н.А.(38), двајцата од село Боговиње, поради сомневање за сторено кривично дело по член 215 од КЗ “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 29.05.2026 во 21:50 часот на ул.„Панко Брашнаров" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Т.(30) од Прилеп бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана.
На 30.05.2026 во 07:40 часот, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје од слобода бил лишен А.Т.(30) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена бела грутчеста материја.
На 30.05.2026 во 02:10 часот, на подрачјето на Гази Баба во Скопје од слобода бил лишен И.Г.(28) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана.
На 29.05.2026 во 21:45 часот, на подрачјето на Центар во Скопје од слобода бил лишен М.В.(24) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја.
На 29.05.2026 во 19:35 часот, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје од слобода бил лишен А.Ч.(24) од Р.Турција, бидејќи кај него била пронајдена марихуана.
По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.