Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Вчера лишени од слобода седум возачи поради возење без возачка дозвола и за возење на нерегистрирано возило

Вчера лишени од слобода седум возачи поради возење без возачка дозвола и за возење на нерегистрирано возило

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и еден за управување на нерегистрирано возило.     
Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност