Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

 

На 27.02.2026 во 21:05 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Г.Ц.(38) од Кавадарци. По добиени оперативни сознанија и по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци,  бил извршен претрес во домот и помошни простории на Г.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, семки од канабис и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица, известен e јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност