Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Уште една измама со лажна сообраќајка во Скопје, измамени повозрасни сопружници за сума од 10.000 евра

Уште една измама со лажна сообраќајка во Скопје, измамени повозрасни сопружници за сума од 10.000 евра

На 29.09.2025 во 21:30 часот во Полициската станица Центар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето им се јавило, се претставило како полициски инспектор и ги известило дека нивната внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила малолетник кој починал и доколку не сака таа кривично да одговара ќе треба да ги дадат парите.

 

Како што е пријавено, ги однеле парите на договореното место, а откако се вратиле со домот телефонски стапиле во контакт со нивната внука и сфатиле дека се измамени.  Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Мени за пристапност