На 22.04.2026 во 11:00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со С.Т.(38) од Скопје, по претходна пријава дека на 18.04.2026 во нејзиниот дом со тврд предмет физички го нападнала нејзиниот 40-годишен поранешен сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.04.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје 51-годишен маж пријави дека околу 19:00 часот во с.Волково,скопско бил физички нападнат од неговиот брат Т.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.04.2026 во 08:00 часот во ОВР Свети Николе, извршен е службен разговор со С.Н.(65) од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.04.2026 во 19:30 часот во семејниот дом, физички го нападнал неговиот син. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.