Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно шест пријавени случаи

Три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно шест пријавени случаи

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека на 10.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, тој подолг период вршел физичко и психичко насилство во домот и физички ги напаѓал неговата сопруга и малолетните деца.

На 10.04.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Д.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово се однесувал агресивно и физички ја нападнал неговата мајка.

На 11.04.2026 во 03:15 часот во СВР Куманово, 28-годишна жена од Куманово пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер С.А.(36) од кумановско село.

На 10.04.2026 во 19:40 часот во ОВР Струга, 37-годишна жена од Република Албанија, со престој во струшко, пријави дека нејзиниот сопруг Н.М. од струшко, со кој се во бракоразводна постапка, ја следи и ѝ упатувал закани.

На 10.04.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 40-годишник од велешко село. Според пријавеното, тој најпрво во домот на негов пријател, а потоа и на улица физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка. По преземени мерки било констатирано дека 40-годишникот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,21 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

На 10.04.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје,  40-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:20 часот во викенд куќа во скопско, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т.(40).

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност