Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана.
Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол.
Додека еден возач во Куманово возел мопед во спротивна насока, а еден во Скопје и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.