Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тошковски: Со европска поддршка ги јакнеме капацитетите за заштита на културното наследство и животната средина, завршен ИПА 2021 твининг проект за институционално јакнење во борбата против еколошки и културен криминал

Тошковски: Со европска поддршка ги јакнеме капацитетите за заштита на културното наследство и животната средина, завршен ИПА 2021 твининг проект за институционално јакнење во борбата против еколошки и културен криминал

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на завршниот настан на твининг проектот „Зајакнувањето на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина“ – ИПА 2021.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека културното наследство и животната средина претставуваат универзални вредности и заедничко богатство на целото човештво, чија заштита мора да биде постојан приоритет.

„Културното наследство и природата не се само национални ресурси, туку темел на идентитетот и здравјето на едно општество. Нивната заштита бара силни институции, стручни кадри и цврста меѓународна соработка“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека еколошкиот криминал и недозволената трговија со културни добра сè почесто имаат транснационален карактер, што наметнува потреба од координиран институционален одговор, размена на информации и интензивна меѓународна соработка.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош, а имплементиран од Италијанските карабињери во партнерство со Министерството за внатрешни работи. Во негови рамки беа реализирани обуки и изработени клучни стратешки документи за поефикасна борба против еколошкиот криминал и недозволената трговија со културно наследство.

Со потпишувањето на два меморандуми за разбирање се воспоставуваат трајни механизми за институционална соработка, со цел поефикасна заштита на природата и културното наследство и усогласување со европските стандарди.

Мени за пристапност