Министерството за внатрешни работи ги известува кандидатите за вршење работи на предавач и возач-инструктор во автошколата, контролор, испитувач по наставна програма од сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувач по наставна програма од управување со возило (практичен дел) во испитен центар, дека полагањето за стручен испит за оспособеност за работа со цел добивање на лиценца за работа ќе се врши во просториите на министерството за внатрешни работи, односно во Центарот за обука во Идризово.
Кандидатите кои имаат поднесено комплетна документација ќе бидат известени согласно законски предвидениот рок за датумот и времето на полагањето на стручниот испит.