Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тошковски: Преку научната мисла до решенија за системската корупција како една од најголемите безбедносни закани

Тошковски: Преку научната мисла до решенија за системската корупција како една од најголемите безбедносни закани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на 16. Меѓународна научна конференција „Системската корупција - најголема безбедносна закана“ во организација на Факултетот за безбедност - Скопје. 

Министерот Тошковски на конференцијата на која се креираат безбедносни и стратешки пристапи за адресирање на сложените предизвици поврзани со корупцијата изрази сигурност дека оттука ќе произлезат идеи кои ќе ја унапредат научната мисла и решенија кои ќе дадат соодветна практична примена и додадена вредност во практиката како на безбедносните така и на останатите институции.

Министерот Тошковски ја потенцираше соработката на врвно ниво кое министерството за внатрешни работи ја има со Факултетот за безбедност на повеќе основи и можноста која се отвора за вработување на најдобрите студенти во министерството и безбедносните институции.

„Со новиот закон за внатрешни работи ќе имаме можност со сите високообразовни институции кои се поврзани со безбедноста, особено со Факултетот за безбедност, најквалитетните кадри коишто произлегуваат од факултетот да влезат во безбедносните институции, таму каде природно им е местото. Давајќи го својот труд, своето знаење, особено најдобрите да станат дел од институциите кои се основа на безбедноста и сигурноста на едно демократско општество и европска држава“, потенцираше министерот Тошковски.

Мени за пристапност