Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против И.С. (41) од Скопје, кој на 20.09.2025 и 21.09.2025 физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка и оштетил и разни предмети во дворот од семејната куќа.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и И.С. е лишен од слобода, обезбедени се потребните докази и поднесена кривична пријава по итна постапка поради сторени кривични дела "телесна повреда" по член 130 став 2 од КЗ и "загрозување на сигурноста" по член 144 став 3 од КЗ.Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена.