Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц Руф: Продлабочување на полициската соработка во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција

Тошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц Руф: Продлабочување на полициската соработка во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување, особено во справувањето со современите безбедносни предизвици.

На средбата се разговараше за борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, тероризмот и сајбер-криминалот, со посебен акцент на навремената размена на оперативни информации, координираното постапување и зајакнувањето на капацитетите на полициските служби.

Министерот Тошковски ја истакна важноста на партнерството со Австрија, како значаен и доверлив партнер на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици кои ги надминуваат националните граници. Притоа, беше нагласена потребата од натамошно продлабочување на соработката преку конкретни активности, размена на искуства и унапредување на оперативните капацитети на македонската полиција.

Соговорниците се осврнаа и на досегашната соработка во рамки на заедничките европски иницијативи и проекти, насочени кон јакнење на владеењето на правото, унапредување на истражните капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и подобрување на институционалните механизми за управување со миграцијата и граничната безбедност. Беше нагласено и значењето на заедничките обуки, експертската поддршка и размената на добри полициски практики.

На крајот од средбата беше изразено заемно задоволство од досегашното партнерство и подготвеност за продолжување на интензивната соработка меѓу двете земји, со заедничка цел – поефикасно справување со безбедносните закани и поголема сигурност за граѓаните.

Мени за пристапност