Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тошковски: Модерен аеродром, подобри услови за патниците и за нашите полициски службеници

Тошковски: Модерен аеродром, подобри услови за патниците и за нашите полициски службеници


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот дел од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со што се обезбедуваат современи услови за патниците, подобра функционалност на терминалот и поефикасен проток при граничните контроли.

Во рамки на реконструкцијата целосно е обновена и Полициската станица за граничен премин на охридскиот аеродром. Полициските службеници добиваат нови, современи и функционални простории за работа, а поставени се и современи кабини за пасошка контрола, со што се подобруваат условите за извршување на граничните проверки и се овозможува поквалитетна и поефикасна услуга за патниците.

„Модерен аеродром значи подобри услови за патниците, но и подобри услови за нашите полициски службеници кои секојдневно се грижат за безбедноста и непреченото одвивање на граничните контроли. Продолжуваме со модернизација на граничните премини, подобри услови за македонската полиција и поквалитетна услуга за граѓаните и посетителите на Македонија“, истакна министерот Тошковски.

Модернизацијата на граничната инфраструктура и подобрувањето на условите за работа на полициските службеници остануваат меѓу приоритетите на Министерството за внатрешни работи, со цел побрзи и поефикасни гранични процедури и повисок квалитет на услугите за сите граѓани и странски посетители кои влегуваат во државата преку охридскиот аеродром.

Мени за пристапност