Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени во посета на Косово

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени во посета на Косово

 

Заменик министерот за внатрешни работи, д-р Астрит Исени, денеска (07.09.2026) ја продолжи посетата на Косово, при што оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, и заменик министерот за внатрешни работи, Енвер Дуголи. На средбата беа разгледани прашања од заеднички интерес и можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете министерства.

Во текот на посетата, заменик министерот Исени го посети Националниот центар за гранично управување, каде оствари средба со Фехми Џата, директор на Одделот за гранична полиција на Косово, при што се запозна со функционирањето на центарот и активностите во областа на граничното управување.

Исени ја посети и Академијата за јавна безбедност на Косово, каде оствари средба со Шпенд Шабани, директор на Косовската академија за јавна безбедност, како и со кадетите, со кои присуствуваше на заеднички ручек.

Во рамките на посетата беше остварена и посета на Агенцијата за регистрација на цивилниот статус на Косово, каде Исени се сретна со директорот Јетмир Хазири и се запозна со надлежностите и активностите на Агенцијата.

Посетата претставуваше значајна можност за размена на искуства и добри практики и потврда на определбата за натамошно продлабочување на соработката меѓу институциите на двете земји.

Мени за пристапност