Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тошковски: Го решаваме проблемот со гужвите кај семафорот на излезот од Гостивар, во интерес на граѓаните                      

Тошковски: Го решаваме проблемот со гужвите кај семафорот на излезот од Гостивар, во интерес на граѓаните                      

  Денеска (01.08.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, со цел непосредно да се запознае со состојбата на терен и изнаоѓање на решение за проблемот за кој постојано пристигнуваат реакции од граѓаните, а се однесува на застојот и гужвите кои се создаваат кај семафорот на излезот од Гостивар, на потегот кон Охрид, особено во летната сезона и за време на викендите.  “Веднаш се преземени мерки и воведен е посебен режим на сообраќај за време на викендите и во периодите со зголемен интензитет на сообраќај, со цел да се овозможи побрз и побезбеден проток на возилата и да се минимизираат метежите.

Истовремено, свесни сме дека за трајно и системско решавање на овој проблем ќе бидат потребни и соодветни инфраструктурни прилагодувања, за кои институциите треба да делуваат заеднички и навремено”, истакна министерот Тошковски.   МВР продолжува и понатаму со внимателно следење на реалните потреби на граѓаните и со конкретни мерки таму каде што се потребни.

ВИДЕО 

Мени за пристапност