Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Task Force“ пронајде дрога и лиши од слобода три лица од Гостивар и гостиварско

„Task Force“ пронајде дрога и лиши од слобода три лица од Гостивар и гостиварско

На 28.10.2026 околу 17:00 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ ги лишија од слобода К.С.(40) од Гостивар, Н.Б.(22) од с.Врбјани и С.М.(39) од Гостивар. При контрола во такси возило со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.М(39), во кое се превезувале К.С. и Н.Б., при што кај К.С. е пронајдена и одземена марихуана, додека кај С.М. е пронајден и одземен предмет со остатоци од кокаин.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност