Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности во Берово, Пехчево и тетовско за безбеден сообраќај, заштита на домот од кражби и заштита на шумите од пожари

Превентивни активности во Берово, Пехчево и тетовско за безбеден сообраќај, заштита на домот од кражби и заштита на шумите од пожари

 

На 22.05.2026, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Берово реализираа превентивна  активност на тема „Безбедно управувај тротинет и мотор“. Основна цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура, почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Притоа, на граѓаните им беше поделен едукативен материјал со корисни совети за подигање на сообраќајната култура.
Во Пехчево, полициските службеници од Полициското одделение Пехчево реализираа превентивна активност за заштита на домот од кражби под мотото „Обезбеди го твојот дом“. На граѓаните, особено на повозрасните, им беа дадени практични совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторители на кражби од дом, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Додека, на 21.05.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка, во координација со претставници на Националниот парк „Шар Планина“, реализираа превентивна активност на тема „Превенција од шумски пожари“. Активностите беа спроведени со учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, како и со дел од месното население во тетовските села Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце. Цел на активноста беше подигнување на јавната свест за последиците од шумските пожари, како и поттикнување на граѓаните кон совесно, одговорно и внимателно однесување во периоди на зголемен ризик од појава на пожари. Исто така, во рамки на активноста на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Мени за пристапност