На 20.05.2026 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга.
На 20.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека на 18.05.2026 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево му биле упатувани закани од неговата 33-годишна сопруга.
На 20.05.2026 во 11:30 часот во Центарот за социјални работи во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.Д.(73) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 66-годишна сопруга дека во семејниот дом ѝ се заканувал со остар предмет.
На 20.05.2026 во 22:15 часот во ОВР Гостивар, 36-годишна жена од гостиварско пријави дека околу 19:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, нејзината свекрва се обидела да ја нападне со тврд предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.