Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(51) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Денеска, (01.09.2026) околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода била опожарена влезна врата од стан сопственост на Х.С.(57). Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за Внатрешни работи Кисела Вода презеле мерки и активности за расчистување на случајот.
По извршениот увид и деталната анализа на обезбедената видео-документација, како и по преземените мерки и активности, како можен сторител бил идентификуван Д.Т. (50) од Скопје.
На 01.09.2026 година лицето било лишено од слобода. Во присуство на дежурен јавен обвинител и очевидец, кој го препознал како сторител на кривичното дело, со пријавениот бил извршен службен разговор, при што биле обезбедени дополнителни сознанија и појаснувања во врска со начинот на извршување на кривичното дело.