Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола, а петмина под дејство на алкохол

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола, а петмина под дејство на алкохол

 

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (два во Кичево, по еден во Битола, Штип и гостиварско) управувале возило без возачка дозвола, а петмина ( по еден во Скопје, Кочани, Неготино, Делчево и Радовиш) управувале возило под дејство на алкохол.По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
 
 Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност