Денеска (25.04.2026) во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачје на Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир во Скопје, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли, при што санкционирани се 105 возачи. Од нив
еден возач е санкциониран за управување на мотоцикл со несоодветна категорија,
11 мерки се изречени за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 50 санкции за возење без заштитен шлем (кацига), една мерка за управување нерегистриран мотоцикл, осум санкции за неносење на сообраќајна дозвола, една мерка за движење по несоодветна површина и 33 санкции за останати прекршоци.
За време на акциската контрола привремено одземен е еден мотоцикл нерегистриран повеќе од шест месеци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта.