Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Aкциска контрола на Мобилната единица при МВР, едно лице лишено од слобода поради безобѕирно управување возило,  изречени 12 мерки

Aкциска контрола на Мобилната единица при МВР, едно лице лишено од слобода поради безобѕирно управување возило,  изречени 12 мерки

 

Во текот на изминатата вечер (25/26.04.2026), во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај.

При контролата санкционирани се осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а додека две лица одбиле да се алкотестираат. Tрojца  возачи се санкционирани за останати сообраќајни прекршоци.

Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување на возило под дејство на алкохол над 1,50 промили.

По целосно документирање на случаите за сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.

Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Мени за пристапност