Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со Регионалниот претставник за Југоисточна Европа (ЈИЕ) во рамките на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) Данило Рици.
На средбата беше дискутирана одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал при што беше потенцирана важноста од нејзино понатамошно продолжување и унапредување посебно во делот на спроведување на проектни активности.
Заменик министерот за внатрешни работи Исени изрази благодарност за целокупната поддршка која министерството ја добива од УНОДЦ и дека истата е од големо значење во зајакнување на капацитетите во борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со дрога. Од негова страна беше дадено уверување дека министерството и во иднина ќе биде посветен партнер и дека ќе ја пружи целокупната поддршка во насока на зајакнување на партнерскиот однос.
Претставникот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал Данило Рици ја презентираше работата на организацијата и ги истакна успешните проектни активности кои се реализираат во заедничка соработка со Министерството за внатрешни работи, при што потенцираше дека остануваат посветени во градењето на заеднички политики и стратегии за зајакнување на безбедност на граѓаните и демократските вредности.