Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Делегација на МВР учествуваше на регионална работилница во Брисел за усогласување на законодавството во областа на оружјето и експлозивите

Делегација на МВР учествуваше на регионална работилница во Брисел за усогласување на законодавството во областа на оружјето и експлозивите

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник-министерот во Одделот за граѓански работи, Јован Алтанџиев, учествуваше на Регионалната работилница за хармонизација на законодавството во областа на оружјето и експлозивните материи со европското законодавство, која се одржа во Брисел, во организација на SEESAC и со поддршка на Европската комисија.

Целта на работилницата е усогласување на националните прописи со европските стандарди и интересите на сите засегнати страни, со што ќе се придонесе за зголемување на општата безбедност преку јасно регулирани и стандардизирани процедури.

Помошник-министерот Алтанџиев информираше за досегашната интензивна работа на МВР во оваа област, преку постапување по околу 9.000 предмети, како и за значителниот напредок во процесот на дигитализација, кој овозможува електронско аплицирање и електронско преземање на податоци од судовите во државата.

Усогласувањето на Законот за оружјето претставува дел од Планот за раст на Западен Балкан и Реформската агенда на државата.

Мени за пристапност