Денеска (04.11.2025) во 10:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Г.М. и К.М., двајцата од Република Турција. При гранични проверки и контрола било констатирано дека визите за Обединетото кралство, кои ги приложиле на увид, биле фалсификувани.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.