Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на директорот Јанев со началникот на генералштабот на армијата

Средба на директорот Јанев со началникот на генералштабот на армијата

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денес во Генералштабот на Армијата оствари работна средба со Началникот на генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски. 

„Разговаравме за унапредување на соработката меѓу Бирото за јавна безбедност и Армијата, со акцент на градењето институционална отпорност, поддршка на НАТО капацитетите, како и заедничките активности во областа на граничната безбедност, управувањето со кризи и обуките.“, потенцираше директорот Јанев.

Директорот Јанев нагласи дека само преку континуирана и конструктивна соработка ќе придонесеме за уште поголема безбедност и стабилност на нашата држава.

Мени за пристапност