Во текот на вчерашниот и денешниот ден (09/10.09.2025), хеликоптерот Бел 412 на македонската полиција во повеќе наврати беше ангажиран за гасењето пожар на Скопска Црна Гора и притоа исфрли преку 85 тони вода.
Со брзата реакција и професионалниот ангажман, МВР даде важен придонес во справувањето со пожарот и заштитата на населението и природната средина.