Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот Јанев на промоција на новите службени регистарски таблици: Суштинска реформа која ја зајакнува довербата на граѓаните

Директорот Јанев на промоција на новите службени регистарски таблици: Суштинска реформа која ја зајакнува довербата на граѓаните

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР денеска присуствуваше на промоцијата на официјалната примена на службени регистарски таблици. 
„Како директор на Бирото за јавна безбедност, ја поздравувам оваа мерка и ја сметам за важен чекор во насока на транспарентност, отчетност и професионално управување со јавните ресурси.


Ова не е само техничка промена, туку суштинска реформа која ја зајакнува довербата на граѓаните, ја потврдува одговорноста на институциите и нѐ усогласува со најдобрите европски и меѓународни практики.“, потенцираше директорот Јанев.


Јанев изрази увереност дека со воведувањето на единствени службени таблици ќе придонесеме за поголем институционален интегритет и поефикасна контрола во користењето на државните возила и конечно ставање крај на злоупотребата на државните возила за приватни и партиски цели. 

 

Мени за пристапност