Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Исени – Трусвел: Интензивирање на полициската и безбедносната соработка меѓу Македонија и Австралија

Средба Исени – Трусвел: Интензивирање на полициската и безбедносната соработка меѓу Македонија и Австралија

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, оствари работна средба со амбасадорот на Австралија во Македонија, Н.Е. Петер Трусвел.

На средбата беа потенцирани пријателските односи меѓу двете држави, како и заедничката подготвеност за унапредување на соработката во областа на безбедноста и борбата против организираниот криминал. Притоа беше нагласена важноста од размена на искуства и добри практики меѓу институциите, особено во контекст на зајакнување на капацитетите на полициските служби.

Заменик министерот Исени изрази благодарност за поддршката од Австралија и истакна дека ваквите средби претставуваат значаен придонес за продлабочување на билатералната соработка. 

Амбасадорот Трусвел ја потврди силната и континуирана подготвеност на Австралија за продлабочување на соработката, истовремено нагласувајќи дека земјата останува цврсто посветена на поддршката на реформските процеси и модернизацијата на институциите во нашата држава.

Во рамки на разговорот, соговорниците се осврнаа и на можностите за идни заеднички активности, особено во делот на полициската обука и размена на експертска поддршка. Притоа беше истакнато дека ваквата соработка ќе придонесе за унапредување на професионалните стандарди и зајакнување на институционалните капацитети, што е од особено значење за понатамошно усогласување со европските и меѓународните практики.

Мени за пристапност