Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени присуствуваше на свечената прослава по повод 30 години присуство на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија која се одржа под мотото „30 години заедно за подобра иднина“.
МВР упатува искрена честитка до УНДП по повод одбележувањето на овој значаен јубилеј кој може да се дефинира како 30 години партнерство, инклузија и заедничка визија.
Во изминатите три децении, УНДП претставуваше доследен и доверлив партнер на институциите, вклучително и на МВР, обезбедувајќи континуирана поддршка во процесите на реформите, во јакнењето на институционалните капацитети, како и во унапредувањето на јавната безбедност, владеењето на правото и заштитата на правата на граѓаните.
МВР особено го вреднува партнерството со УНДП во областите на модернизацијата на полициските служби, дигитализацијата на услугите, подобрувањето на ефикасноста и транспарентноста, како и во иницијативите насочени кон зајакнување на социјалната кохезија и отпорноста на заедниците.
Министерството ја изразува својата благодарност за долгорочната соработка, а воедно и уверува дека заедничките напори ќе продолжат и во иднина – со заедничка цел да се гради стабилна, безбедна и просперитетна држава, во духот на инклузија, партнерство и одржлив развој.
МВР упатува искрени честитки до УНДП за 30 години успешно партнерство и посветеност кон подобра иднина за сите граѓани.